Дома Трансфер зона Реал не кажал „не“, но поставил астрономска цена за Валверде

Реал не кажал „не“, но поставил астрономска цена за Валверде

Уругвајскиот играч за врска Фредерико Валверде беше една од поретките светли точки во Реал Мадрид пред прекинот на првенството.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал не игра баш најдобра сезона, но Валверде прикажува солидни настапи и стана важен играч за Реал иако има само 21 година. Секако неговата игра не помина незабележано од европските гиганти. Меѓутоа во Реал не се расположени да го продадат. Всушност се, но за цена која сигурно никој нема да ја плати.

Британски „Мирор“ пренесува дека „кралевите“ за Валверде поставиле цена од 450 милиони евра. Таа сума сосема јасно е дека никој нема да ја плати, посебно после кризата која ќе ја направи пандемијата со коронавирусот.

Истиот извор пренесува и дека Манчестер Јунајтед се распрашувал за младиот Уругваец. Ако Реал остане на својот став до трансферот сигурно нема да дојде.

Сезонава Валверде запиша 32 настапи во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…