Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Спортинг Лисабон, Бруно Фернандеш.
Фудбалерот на Спортинг Лисабон долго време е мета на Манчестер Јунајтед, а сега во траката се вклучил и Реал Мадрид. „Кралевите“ наводно стапиле во контакт со неговиот агент Жорге Мендеш.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Бруно Фернандеш имаше фантастична сезона во Спортинг во која постигна 32 гола во 53 натпревари иако е офанзивен играч за врска.
На „Олд Трафорд“ сметаат дека би бил идеална замена за Погба, но со оглед на фактот што Французинот се уште не е заминат, трансферот е на „стенд-бај“.
Реал Мадрид ќе се насочи кон Португалецот доколку не успее да го ангажира Погба до затворањето на преодниот рок во Премиер лигата.
Transfer: Real Madrid join race to sign Man Utd, Spurs target Bruno Fernandes https://t.co/JE6jmmmX76 via @SportishNews
— Sportish News (@sportishnews) August 3, 2019