Дома Топ вести Реал Мадрид тргнува по дете на Барселона

Реал Мадрид тргнува по дете на Барселона

Реал Мадрид е заинтересиран за ѕвездата на Лајпциг и шпански репрезентативец, Дани Олмо, пренесуваат шпанските медиуми.

Олмо ја помина школата на Барселона во младинските категории, од каде замина за Динамо Загреб каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Минатата година направи трансфер во Лајпциг, каде блескаше оваа сезона, па сега е стандарден член  на шпанската репрезентација.

Лајпциг нема намера да се откаже од услугите на 23-годишниот Олмо за сума помала од 50 милиони евра, па „кралевите“ ќе треба да го одврзат паричникот.

Главна мета на Реал Мадрид ова лето е Килијан Мбапе, а доколку не успеат да го реализираат тој трансфер ќе се насочат кон Дани Олмо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Пикси објави список од 35 фудбалери за Европското првенство

Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси денеска го објави поширокиот список н…