Интересот на Реал Мадрид за ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане е силен и „кралевите“ веќе спремиле понуда од 150 милиони фунти, пренесуваат медиумите на Островот.
Зидан смета дека Сенегалецот ќе биде идеално засилување за неговиот тим, кој оваа сезона има проблем со реализацијата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поради тоа Реал Мадрид е спремен да го сруши клупскиот трансфер рекорд и спремил понуда од 150 моилиони фунти, која „црвените“ тешко ќе можат да ја одбијат.
Мане во неколку наврати истакна дека одлично се чувствува во Ливерпул, но Реал Мадрид едноставно не може да се одбие.
Англиските медиуми тврдат дека Ливерпул веќе бара замена за Мане, а доколу Сенегалецот се пресели во Реал, „црвените“ ќе тргнат по Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.