Италијанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид и Јувентус може да договорат голема трампа во зимскиот преоден рок.
Анчелоти е заинтересиран во својот тим да го донесе францускиот играч за врска Адриан Рабио, кој е на излезна врата од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алегри му ја отвори излезната врата на Рабио, а Анчелоти одлично го познава и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра.
Од друга страна Јувентус е заинтересиран за Дани Себаљос и е спремен да ја прифати понудата за размена на играчи.
Себаљос се опоравува од повреда и нема одиграни ниту една минута оваа сезона, но минатите две сезони играше солидно на позајмица во Арсенал.