Англиските медиуми пренесуваат дека Нголо Канте на лето би можел да го напушти Челзи.




Раководството на Челзи планира големи промени на тимот во текот на летниот преоден рок, а клубот може да го напушти и миленикот на навивачите.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
31-годишниот Канте на лето ќе влезе во последната година од договорот и „сините“ веруваат дека сега е идеално време за негова продажба.




Во моментов во Челзи се е „блокирано“ и се чека новиот сопственик да го преземе работењето со клубот, но медиумите тврдат дека на лето ќе има големи промени.




Интерес за Канте покажуваат Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, кои внимателно ја следат ситуацијата.