Голема ноќ за Манчестер Сити во Истанбул. За прв пат во историјата на клубот ја освоија Лигата на шампионите и ја крунисаа својата доминација оваа сезона.
Херој беше Родри кој го постигна победничкиот гол во 68. минута од финалниот натпревар против Интер.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ерлинг Халанд не постигна гол во финалето, немаше ниту многу шанси.
Така норвешкиот напаѓач ја заврши сезоната во Лигата на шампионите со 12 постигнати голови.
На крајот од натпреварот, Халанд беше емотивен.
Тој веднаш се расплака и ги прегрна соиграчите и Пеп Гвардиола.
Халанд ретко се гледа како плаче и ретко покажува некакви емоции.
Манчестер Сити ја заврши годинешната ЛШ без пораз со осум победи и пет нерешени.
Erling Haaland ému aux larmes après le coup de sifflet final ! 🥹💙pic.twitter.com/GG2xfWq2qQ
— Instant Foot ⚽️ (@lnstantFoot) June 10, 2023