Рафаел Надал се прости од Олимписките игри во Париз откако беше поразен од американското дуо Остин Крајичек и Раџив Рам во двојки со Карлос Алкараз со 2:0. Пред тоа беше елиминиран во сингл од Новак Ѓоковиќ со идентичен резултат – 2:0.
По елиминацијата од Олимписките игри, Рафаел Надал се огласи на Инстаграм, а посебни зборови имаше и за Карлос Алкараз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Ти благодарам Карлос. Оди по златото! Навиваме за тебе“, напиша Надал.
Карлос Алкараз имаше убави зборови за Рафаел.
“Ти благодарам Рафа за оваа недела и што го сподели теренот со мене играјќи за Шпанија. Не можевме да победиме денес, но носам многу работи за иднината! Беше посебно”, напиша Алкараз на Инстаграм.