Дома Останати Рафа Надал се врати со пораз

Рафа Надал се врати со пораз

Рафаел Надал загуби од Ришар Гаске 6:4, 7:5 во првиот дуел на егзибицискиот турнир во Кујонг.

За светскиот број 1 ова беше прв меч уште од 13 ноември минатата година кога поради повреда на коленото се повлече од завршниот Мастерс во сезоната.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Надал неодамна иако беше пријавен го откажа настапот на турнирите во Абу Даби и Бизбјен, а во последен момент организаторите на турнирот во Кујонг ја прифатија неговата пријава.

Овој турнир ќе биде единствената проверка за Шпанецот пред Австралија Опен кој започнува на 15 јануари. Надал минатата година во Мелбурн стигна до финалето каде беше поразен од Роџер Федерер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Неочекувано: Алкараз направи потег со кој ги изненади своите навивачи (Фото)

Карлос Алкараз повторно ги изненади сите! Имено, шампионот на Ју-Ес опен повторно ја проме…