Дома Видео Распад систем: Инсиње соиграчите ги нарече ср*ње

Распад систем: Инсиње соиграчите ги нарече ср*ње

Наполи вчера ремизираше (3:3) на гостувањето кај Сасуоло.

Во одличен натпревар беа видени шест погодоци, а гостите без триумф останаа во петата минута од продолжеието кога домашниот тим преку пенал успеа да дојде до 3:3.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


После натпреварот очигледна беше нервозата кај играчот на Наполи, Лоренцо Инсиње. Кога постигна погодок за 2:3 во 90 минута се чинеше дека неговиот тим ќе дојде до победа, но на крајот беше освоен само бод.

Инсиње имаше доста забелешки за играта на тимот, а тоа беше јасно видливо кога при влегување во соблекувалната рече: „Ср*ње од тим.“

Ниту тренерот Џенаро Гатузо не мируваше, а својата нервоза ја истури на јакната која ја фрли на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Човекот кој „забоде нож во срцето“ на Реал Мадрид, сега се враќа како тренер?

Алваро Арбелоа нема да остане тренер на Реал Мадрид. Претседателот на клубот, Флорентино П…