Дома Фудбал Италија Историја во Неапол: Инсиње се изедначи со Марадона

Историја во Неапол: Инсиње се изедначи со Марадона

Наполи вчера одигра одличен натпревар и славеше со 4:1 против Салернитана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Еден од стрелците за клубот од Неапол во овој натпревар беше Лоренцо Инсиње. Инсиње во 53. минута од пенал го постигна четвртиот гол за својот тим. Тој гол за Инсиње беше 115-ти во Наполи.

Со оваа бројка Инсиње се изедначи со легендарниот Диего Марадона и се запиша во историјата на клубот. Инсиње од поодамна ужива статус на легенда помеѓу фановите на овој клуб, а сега тој статус и ќе се зацврсти.

Сезонава Инсиње постигна пет гола и запиша четири асистенции во Серија А. Ќе потсетиме, по завршувањето на сезоната Инсиње за богат договор се сели во редовите на Торонто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Договор на повидок: Тер Штеген е на чекор од потпис со новиот клуб!

Искусниот германски голман наскоро ќе замине на едногодишна позајмица во Амстердам, а во д…