Македонскиот шампион Вардар во овие моменти не поминува во добар период, откако Сергеj Самсоненко најави заминување на крајот од сезоната, работите тргнаа во надолна линија за македонскиот спортски бренд.
Како што е познато Гоце Седлоски си замина од фудбалскиот клуб Вардар, а како причина ги наведе поразите од Копенхаген и Шкендија, иако многумина се сомневаат дека токму тоа е причината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Неговите стапки би можел да ги следи и тренерот на машкиот ракометен тим на Вардар, Раул Гоназлес. Шпанецот смета дека доколку претседателот си заминува, би требало и тие да ја променат средината.
„Во овој момент сме на стартот на сезоната, но кога претседателот се одлучи на заминување, сметам дека и ние треба да го следиме неговиот чекор. Сепак, за тоа ќе зборува кога ќе дојде време, треба да се насочиме кон играта на теренот, но тоа ќе биде исклучително тешко“, изјави Раул Гонзалес за македонските медиуми.
Ваков развој на настаните секако не e добар за македонскиот клуб, но како ќе се одвиваат работите и дали Самсоненко на крајот сепак ќе ја смени одлуката останува времето да покаже.