Дома Фудбал Франција Рамос само што дебитираше повторно ќе пропушти натпревар за ПСЖ

Рамос само што дебитираше повторно ќе пропушти натпревар за ПСЖ

Серхио Рамос мака мачи со повредите откако дојде во ПСЖ.

Шпанскиот дефанзивец чекаше цели четири месеци да дебитира за „светците“ и тоа се случи минатиот викенд против Сент Етјен. Сепак, веднаш по тој натпревар Рамос се пожалил на болка во мускулот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во четвртокот Рамос се обиде да тренира, но од лекарскиот тим на ПСЖ проценија дека ризикот од нова повреда е преголем, па капитенот на Реал Мадрид го чека нова пауза.

„Мораме да внимаваме со неговата премореност на мускулите. Рамос неодамна се врати од долга пауза и затоа нема да игра против Ленс. Очекуваме веќе в недела да тренира со тимот“, објавија од ПСЖ.

За овој натпревар Покетино нема да може да смета на Нејмар, Дракслер и Ерера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Ноќта кога фер-плејот згасна: Мароканскиот срам и срамниот потег на Хакими го обиколуваат светот (Видео)

Синоќа беше одиграно финалето на Африканскиот куп на нации помеѓу Мароко и Сенегал, но Мар…