Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос: „Кралот“ никогаш не смеете да го сметате за мртов

Рамос: „Кралот“ никогаш не смеете да го сметате за мртов

Серхио Рамос имаше јасна порака после победата над Пари Сен Жермен.

„Кралевите“ славеа против Пари Сен Жермен во првиот натпревар од 1/8 финалето, а капитенот на гигантот од Мадрид испрати јасна порака.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Реал Мадрид никогаш не смее да се смета за мртов. Многу денови за паметење се пред нас, а тоа е поради нашиот карактер. Ова беше важна победа за враќање и мораме да продолжиме под исто темпо. Сериозно сакаме да го одбраниме трофејот“, изјави Рамос.

Дефанзивецот ги пофали и соиграчите од одбраната.

„Секоја грешка води до опасен напад на ПСЖ, затоа беше потребно да ја задржиме концентрацијата. Направивме важен чекор, но ништо не е готово“, заврши Шпанецот.

Потоа тој ја прокоментира и спорната ситуација.

„Топката ме погоди во градите, па во раката. Немав намера да играм со рака“, заклучи капитенот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Работнички со пресврт го совлада Пелистер, Шкендија подобра од Беса

Денешното 28. коло од Првата македонска фудбалска лига донесе возбудливи дуели и нови побе…