Арон Рамзи денес му се извини на Кристиано Роналдо за „украдениот“ гол против Локомотив во Лигата на шампионите.
Јувентус гостуваше кај Локомотив Москва и до водство стигна уште во третата минута од натпреварот. Кристиано Роналдо изведе слободен удар, а голманот на домаќините направи голема грешка и топката му помина низ нозете, а истата од гол линијата во мрежата ја испрати Рамзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На почетокот изгледаше дека е нов гол за Роналдо во ова натпреварување, меѓутоа подоцна потврдено е дека стрелецот бил Рамзи кој во последен момент играл со топката.
Денес тој испрати извинување до својот соиграчи.
„Му се извинувам на Кристиано. Имав чуство дека голманот е блиску и дека може да ја стигне топката. Инстиктивно реагирав за да бидам сигурен дека топката ќе ја помине гол линијата“, изјави Рамзи.