Дома Трансфер зона Раиола за синот на легендата: Морам да бидам внимателен се работи за еден од најголемите таленти во светот

Раиола за синот на легендата: Морам да бидам внимателен се работи за еден од најголемите таленти во светот

18 годишниот Џастин Клајверт син на легендарниот Патрик со своите одлични настапи го привлече интересот на европските гиганти, но неговиот менаџер Мино Раиола има поинакви планови.

Младиот Клајверт оваа сезона стана еден од клучните играчи на Ајакс откако во јануари минатата година дебитираше за сениорскиот тим на холандскиот гигант.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сепак тој сега влезе во последните 18 месеци од договорот со Ајакс, па се појавија шпекулации дека на лето би можел да го облече дресот на некој од гигантите на европскиот фудбал, а како најзаинтересирани за неговиот потпис до овој момент се споменуваа Манчестер Јунајтед и Барселона.

Менаџерот на младиот Клајверт, Мино Раиола откри дека веќе одбиле неколку понуди и истакна дека неговиот клиент има намера да остане во Ајакс со кој во овој момент води преговори.

„Преговорите со Ајакс одлично напредуваат, нема никакви проблеми, но моја должност е секогаш да бидам внимателен. Во Ајакс Џастин се уште има мал договор, а за него интерес покажуваат големи клубови…Сето тоа мора да се земе во предвид бидејќи се работи за еден од најголемите таленти во светот“, изјави Раиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…