Дома Фудбал Италија Раиола го шокира Милан: Донарума бара плата од 10 милиони

Раиола го шокира Милан: Донарума бара плата од 10 милиони

Милан ги започна преговорите за продолжување на соработката со голманот Џанлуиџи Донарума, а тоа сигурно нема да биде лесно.

Донарума влезе во последната година од договорот, сака да остане во Милан, но неговиот агент Мино Раиола е тежок преговарач.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми тврдат дека Раиола побарал плата од 10 милиони евра по сезона за младиот голман.

Донарума во моментов заработува 6 милиони евра, а ова би значело значително зголемување со што ќе стане еден од најплатените фудбалери во Серија А.

Милан ќе мора да ги задоволи барањата на младиот голман, во спротивно може да го загуби без обештетување на крајот на сезоната.

Донарума е „дете“ на Милан и веќе на 21 година има повеќе од 200 настапи за славниот италијански клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Немања Матиќ повторно се врати во Серија А – познато чиј дрес ќе го носи!

Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ, брзо најде нов клуб откако ја прекина сорабо…