Како што стојат работите Ралф Рагник (63) ќе стане новиот тренер на Манчестер Јунајтед.
Според најавите Рагник со Манчестер Јунајтед постигнал договор на шест месеци со можност истиот да се продолжи во наредните две години. Веднаш по објавувањето на оваа информација во јавноста се потсети на изјавата на Рагник минатата година за Лук Шо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Рагник во тој разговор зборува дека Лук Шо според него не е играч за Јунајтед.
„Мислам дека им е потребен лев бек. Знам дека го имаат Лук Шо, но не сум сигурен дека тој е на нивото на кое треба да биде за да игра за клуб каков што е Манчестер Јунајтед“, зборува Рагник.
Шо е член на Манчестер Јунајтед од 2014 година и за „црвените ѓаволи“ одигра 201 натпревар и постигна три гола. Рагник би требало во клубот да пристигне наредната недела, дебито би можел да го има против Арсенал. Останува да видиме каква ќе биде ситуацијата со Шо и со останатите во тимот.
🗣 "They could do with a left-back, I know they have Luke Shaw but I'm not so sure if he's still on the same kind of level you need for a club like Manchester United."
— Football Daily (@footballdaily) November 25, 2021
Ralf Rangnick speaking about Man United's defence in September 2020 pic.twitter.com/40IcBSnm4p