Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Лук Шо претрпе нова повреда, и повторно нема да биде во конкуренција за натпреварите на својот тим.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Шо во последно време, особено откако пристигна во Манчестер Јунајтед, има многу проблеми со повреди.
Во изминатите 12 месеци, Шо одигра само пет натпревари за овој клуб, што најдобро зборува за проблемите со повреди кои ги имаше.
Англичанецот минатата година одигра само три натпревари за својот тим, а потоа се очекуваше во декември да се врати на теренот. Тоа на крајот не се случи.
Започна да тренира во јануари, и сите се надеваа дека на почетокот на февруари ќе го видат Шо на теренот, но тој повторно се повреди.
Според првичните прогнози, Шо ќе биде надвор од теренот најмалку четири недели и јасно е дека пред март нема да игра.