Работнички и Шкендија, наредната недела ќе ги продолжат настапите во Лига Европа, откако без проблеми успеаја да го минат првото коло.
Работнички во првата фаза го елиминира претставникот на Сан Марино, Тре Пене, со две победи (1-0, 6-0). Во второто коло „романтичарите“ ќе се соочат со многу посериозен противник, Динамо Минск од Белорусија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белорусите во првата рунда, слично како и Работнички забележаа две победи над Рунавик од Фарските острови (2-0, 2-1).
Шкендија во првата рунда немаше проблеми со Дачија (3-0, 4-0), во второто коло ќе игра против финскиот претставник Хелсинки.
Финците на стартот од квалификациите во двомечот беа поуспешни од Конах од Велс (0-1, 3-0).
Работнички и Шкендија на првите средби ќе бидат домаќини. Термините за одигрувањето на дуелите од втората квалификациска рунда се 13. и 20.јули.