Адриен Рабио минатото лето пристигна во Јувентус како големо засилување, но може да го напушти клубот ова лето, пишува „Кориере дело спорт“.
Французинот се уште не пристигнал во Торино, иако менаџментот ги повика сите „странци“ кои ја напуштија Италија за време на тешкиот период поради пандемијата од коронавирус.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Рабио штрајкува и одбива да се врати во Торино и да го почне периодот на самоизолација. Тој не е задоволен и од колективното намалување на платите во Јувентус, со што му беа скратени 2 милиони евра.
Мајката на играчот од средниот ред, која исто така е негов агент – Вероника Рабио, сака нејзиниот син да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Таа верува дека Адриен ќе добие поголема плата во Англија отколку таа во Јувентус.
Вероника веќе ги понудила услугите на нејзиниот син на раководните лица на Манчестер Јунајтед и на Евертон, а Јувентус е револтиран од Французинот и му ја отвори излезната врата.