Францускиот играч за врска, Адриен Рабио денес се враќа во Италија и ќе му се придружи на остатокот од тимот на Јувентус.
Медиумите последните денови информираа дека Рабио не сака да се враќа во Торино и „штрајкува“ бидејќи не е задоволен од статусот во клубот, но и поради колективното кратење на платите поради кое му беа скратени 2 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пишуваа дека тој сака да си оди од Јувентус и поради тоа штрајкува, но Рабио денеска ќе пристигне во Торино.
Притоа, Французинот испрати иронична порака на социјалните мрежи и напиша: „Кога ќе сфатиш дека е последниот ден од… штрајкот!“
Adrien Rabiot sur son compte Instagram ? pic.twitter.com/P7zB7HEsbD
— Passion Football Club (@PassionFootClub) May 13, 2020