На 24. март во Палермо Македонија ќе го игра полуфиналниот бараж против Италија за Светското првенство во Катар.
Италија со фаворитска улога ќе ја пречека Македонија на „Ренцо Барбера“, но секако дека момците и Милевски нема да истрчаат со бело знаме, сите веруваме во изненадување и пласман во финалниот натпревар во баражот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ќе потсетиме, победникот од нашиот дуел ќе игра против подобриот од натпреварот во Лисабон помеѓу Португалија и Турција.
Според најавите од Италија овој натпревар може да се игра со 100% исполнетост на стадионот што би бил прв од почетокот на пандемијата. Објавени се и цените за билетите и тие се од 80 евра до 222 евра.
Билетите се пуштени во продажба и веќе може да се купуваат – тука.