Новинарот, Матеус Балди пишува дека тројцата репрезентативци на Бразил, Нејмар, Винисиус и Ришарлисон организирале оргии по натпреварот против Венецуела во јужноамериканските квалификации.
Бразил изненадувачки одигра 1:1, но тоа очигледно не ги погодило премногу тројцата фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„По натпреварот со Венецуела, Нејмар одлучил да направи журка во лускузниот хотел. Некои девојки биле присутни на забавата, а по старото правило мобилните телефони ги оставиле на влезот“, пренесуваат медиумите.
Сепак, низ градот според информациите на Балди се ширела аудиоснимка.
„Во аудиоснимката која кружи низ градот, една жена тврди дека Нејмар останал со Ребека Рибеиро, Винисиус Жуниор со Летиција Согиро, а Ришарлисон со Рита Лопезс. Летисија била и забележана кога го напуштила хотелот во кој престојувала бразилската репрезентација“, објави познатиот новинар.