Осман Дембеле категорично ја отфрли можноста да се пресели во Пари Сент Жермен како дел од трансферот на Нејмар, пренесува еминентниот „Екип“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Барселона и ПСЖ се во напредни преговори, а Каталонците денес ја испратија последната понуда за Нејмар.
Понудата ги вклучува Иван Ракитиќ, Осман Дембеле и дополнителни 125 милиони евра. Дембеле би бил испратен на едногодишна позајмица, додека Ракитиќ би потпишал перманентен договор.
Француските медиуми тврдат дека тренерот Тухел дал согласност, а ПСЖ ја прифатил понудата, но Дембеле кажа НЕ.
Французинот е категоричен во намерата да остане во Барселона, па во моментов го „блокира“ трансферот на Нејмар.