Дома Фудбал Франција ПСЖ ја менува тактиката: Нема повеќе купување ѕвезди!

ПСЖ ја менува тактиката: Нема повеќе купување ѕвезди!

Францускиот шампион Пари Сен Жермен вложуваше огромни средства, но никогаш не успеа да ја освои Лигата на шампините која беше и се уште е најголема желба на богатите катарски сопственици.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Претседателот, Насер Ал Келаифи во разговор за италијанските медиуми најави дека сега главната цел на клубот нема да биде купување ѕвезди како досега.

„Не сакам да го наречам тоа револуција, повеќе би кажал еволуција. Сакаме да се фокусираме на градење силен и моќен тим кој ќе даде резултати на долги патеки. Нема повеќе да купуваме само познати имиња. На крајот, ние го имаме најдобриот тренинг центар во светот и тоа може да биде наш влог за во иднина“, изјави Ал Келаифи.

Килијан Мбапе се уште се поврзува со заминување во Реал Мадрид, а Келаифи не сакаше многу да зборува за тоа.

„Не се занимавам со други клубови, Мбапе е наш важен играч и веројатно најдобриот во светот, среќни сме што е во нашиот тим“, потенцираше првиот човек на „светците“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Пророштвото на Марадона: Го претскажа токму ова што се случува на СП

Диего Марадона, една од најголемите фудбалски легенди, уште во 2018 година даде изненадува…