Сопственикот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи е задоволен од игрите на „светците“ оваа сезона и покрај поразот од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.
Сопственикот на клубот е особено воодушевен од Адриен Рабио. Младиот играч за врска оваа сезона се етаблираше како еден од најдобрите во тимот на Парижаните и постигна гол на „Сантиаго Бернабеу“.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Неговиот договор истекува во јуни 2019 година, но од ПСЖ сакаат по секоја цена да го задржат долгорочно, па сопственикот Ал Келаифи е спремен да ги задоволи сите негови барања.
ПСЖ му нуди нов договор, па иако има само 22 години, Рабио ќе стане еден од најплатените фудбалери на светот и ќе остане на „Паркот на Принцовите“ најмалку до 2023 година.
Рабио во ПСЖ пристигна за само 1,5 милиони евра од Тулус пред пет години, а денес неговата вредност се проценува на 50 милиони евра. Притоа, Рабио е идентивикуван како иден капитен на „светците“.