Дома Трансфер зона ПСЖ спреми богатство за ѕвездата на Вест Хем

ПСЖ спреми богатство за ѕвездата на Вест Хем

Пари Сент Жермен покажува силен интерес за дефанзивецот на Вест Хем, Иса Диоп пренесуваат францските медиуми.

Англиските медиуми исто така ја потврдија веста и пренесуваат дека „светците“ се спремни да понудат 56 милиони евра за потписот на 21-годишниот Французин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Меѓутоа, цената на дефанзивецот може додатно да се зголеми бидејќи силен интерес за него покажува и Манчестер Јунајтед.

Диоп ова лето пристигна во Вест Хем од Тулуз за сума од 25 милиони евра и стави потпис на 5-годишен договор.

Французинот веднаш се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па неговата цена вртоглаво порасна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид по натпреварот со Баерн донел одлука за Модриќ?

Лука Модриќ се уште не го продолжил договорот со Реал Мадрид кој истекува на крајот на акт…