Дома Фудбал Репрезентации ПСЖ се огласи со соопштение по навредите кон Меси и Нејмар!

ПСЖ се огласи со соопштение по навредите кон Меси и Нејмар!

Лионел Меси доби суспензија од ПСЖ поради непрофесионалниот потег и ненајавенот опатување во Саудиска Арабија, ваквата ситуација во текот на вчерашниот ден донесе и протест пред стадионот во Париз.

Една група навивачи на ПСЖ се собраа пред стадионот и испраќаа навреди, посебно беа издвоени Нејмар и Меси. Одредена група имаше и пред домот на Нејмар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причината за незадоволство кон Нејмар наводно е „лајк“ на Инстаграм на фотрографија од Меси во дресот во Барселона.

По целите настани ПСЖ се огласи со соопштение:

„Пари Сен Жермен најостро ги осудува неподносливите и навредливи постапки на мала група поединци, кои се случија пред просториите на клубот оваа среда.

Без оглед на разликите, ништо не може да ги оправда таквите дела. Клубот ја дава својата целосна поддршка на своите играчи, неговото раководство и на сите оние кои се загрижени од овие срамни однесувања“, стои во соопштението од Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Салах под знак прашалник за Ливерпул по смртта на неговиот дедо

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, ја доживува семејната трагедија по смртта на неговио…