Тимот на Пари Сент Жермен уште еднаш на шокантен начин беше елиминиран од Лигата на шампиони.
Синоќа на „Паркот на Принцовите“ загуби од Манчестер Јунајтед со 1:3 и беше елиминиран во осминафиналето, иако во првиот меч победи со 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Педантните француски медиуми пресменаа дека ПСЖ потрошил повеќе од 1 милијарда фунти на трансфери од 2011 година до сега. И покрај големите вложувања, „светците“ се уште не успеале да стигнат подалеку од четвртфиналето во најелитното натпреварување.
Најскапиот трансфер кој го направи ПСЖ е секако оној на Нејмар за кого потроши 222 милиони евра за да го доведе од Барселона во 2017 година. Во јуни 2018 година пак ПСЖ го финализираше трансферот на Килијан Мбапе од Монако за 180 милиони евра. Во претходините години „светците“ исто така не штедеа пари кога се трансферите во прашање.
PSG's record in the #UCL since the QSI takeover in 2011:
2011/12: Europa League
2012/13: Quarter-final
2013/14: Quarter-final
2014/15: Quarter-final
2015/16: Quarter-final
2016/17: Round of 16
2017/18: Round of 16
2018/19: Round of 16Something money, something happiness… pic.twitter.com/RpkhMhu4aE
— Squawka Football (@Squawka) March 7, 2019
Имено, откако катарските сопственици дојдоа на чело на францускиот клуб ПСЖ потрошил вртоглави суми за засилување на тимот, но резултатите во Лигата на шампиони се благо кажано незадоволителни.
Ос 2012 година наваму ПСЖ има четири по ред елиминации во четвртфиналето, а последните три години го завршува настапот во Лигата на шампиони уште во осминафиналето.
Во 2017 година ПСЖ доживеа историска елиминација од Барселона, иако во првиот меч на домашен терен победи со 4:0, а синоќа имаше уште една шокантна елиминација, овој пат од Манчестер Јунајтед.