Пари Сент Жермен ова лето сака да донесе нов голман, кој ќе биде долгорично решеи, а на списокот има две имиња.
Француските медиуми тврдат дека прав цел е голманот на Тотенхем, Уго Љорис. 32-годишниот голман веќе неколку години е меѓу најдобрите во светот, а минатата година стана светски шампион со Франција.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ наскоро е спремен да испрати официјална понуда за Љорис и да започне преговори со Тотенхем после финалето од Лигата на шампиони.
Другото име е младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума. Италијанските медиуми тврдат дека „светците“ веќе спремиле понуда од 55 милиони евра, но тешко дека ќе успеат да ги убедат „росонерите“ да го пуштат својот „бисер“.
Оваа вест дека ПСЖ бара нов голман дојде само неколку часа откако Буфон изјави дека клубот му понудил нов едногодишен договор. Сепак, доколку 41-годишниот Италијанец остане на „Паркот на принцовите“ најверојатно ќе биде втор голман.
Gianluigi Buffon Says PSG Have Offered Him New Contract Amid Exit Rumours https://t.co/L51oMsFa8r pic.twitter.com/cLXMX5Uo2v
— SportsDebatable (@SportsDebatable) May 16, 2019