Младиот дефанзивец го продолжи договорот со ПСЖ до 2023 година.
Пред натпреварот против Црвена Звезда во Лигата на шампионите, ПСЖ одлучи да инвестира во иднината. Клубот од Париз на својот официјален сајт соопшти дека го продолжил договорот младиот десен бек Колин Дагба до 2023 година.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Станува збор за момче родено 1998 година кое пристигна во Париз пред три години како еден од најталентираните играчи во Франција. Зад своето име има три натпревари во сениорскиот тим на ПСЖ, но јасно е дека пред него долг процес на докажување.
ПСЖ во овој момент на неговата позиција го има неприкосновениот Тома Мание, додека Дани Алвес се опоравува од повредата.
За вториот натпревар на „светците“, Дагба одигра 25 натпревари. Во Париз сметаат дека Дагба може многу да им донесе во иднина. Ова лето одигра и неколку натпревари за ПСЖ во рамките од неофицијалниот подготвителен Интернационален куп.
??
Colin Dagba prolonge son contrat pro pour trois saisons supplémentaires avec le @PSG_inside ?
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) October 1, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=WWWs7OYt9GI