Високата плата на Лионел Меси може да биде проблем за ПСЖ при обновувањето на договорот.
Според „Паризиен“, францускиот клуб работи на продолжување на договорот со Аргентинецот, кој истекува на крајот на сезоната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Главниот проблем за ПСЖ е финансискиот аспект. Клубот загуби 350 милиони евра минатата сезона, поради што „светците“ нема да можат да му плаќаат 41 милион колку што заработува во моментов.
Меси е подготвен да остане во ПСЖ, но се уште официјално не донел одлука, а клубот бара да прифати помала плата.