Mилан за викендот го освои Скудетото, а по прославата на титулата тренерот на „росонерите“ Стефано Пиоли откри дека некој му го украл медалот.
„Росонерите“ Скудетото го освоија после 11 години, а по победата против Сасуоло на теренот влегоа голем број навивачи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По прославата, тренерот Пиоли, откри дека некој тој цел хаос го искористил да му го украде медалот. Пиоли побара да му биде вратен медалот бидејќи тој му е единствениот.
„За време на прославата ми го украдоа медалот. Би бил благодарен доколку ми биде вратен затоа што тој ми е единствен“, гласеше изјавата на Пиоли.
Иако се мислеше дека шансите Пиоли да го добие истиот медал се мали, сепак поради глупоста која ја направија крадците тоа сега е реалност. Имено, тие се фотографираа со медалот, ја објавија фотографијата на социјалните мрежи, а притоа и го „означија“ официјалниот профил на Милан. Исто така по објавената фотографија еден од нив објавил и дека продава медал.
🔴 L’entraîneur de l’AC Milan, Stefano Pioli s’est fait volé sa médaille de champion d’Italie hier soir.
— BeFoot (@_BeFoot) May 23, 2022
Les auteurs du vol ont fièrement posté cette photo sur Instagram, et l’on mit en vente sur internet. pic.twitter.com/RvzDJu7qsp