Стадионот на Реал Мадрид, „Сантијаго Бернабеу“ во иднина ќе добие нов изглед.
Проектот за реновирање на легендарниот „Бернабеу“ е претставен уште во 2014 година, а ова лето ќе започне со реализација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Работата е навистина комплицирана. Добивме работна дозвола и сега имаме проект на работа кој претставува голем предизвик“, изјави претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Новиот изглед на „Бернабеу“ би требало да го добиеме во 2022 година. Планирана е целосна промена и ќе биде повисок за 12 метри од сегашниот.
Исто така, стадионот ќе поседува луксузен хотел со парк на површина од 12.000 квадратни метри.
Градот Мадрид му даде „зелено светло“, а во целиот проект се очекува да бидат вложени околу 400 милиони евра.
Во продолжение погледнете како изгледа проектот планиран во 2014 година.