Дома Македонски спорт Проблеми за одбојкарите пред Турција: Двајца во изолација еден повреден!

Проблеми за одбојкарите пред Турција: Двајца во изолација еден повреден!

Одбојкарската репрезентација на Македонија се соочува со проблеми пред утрешниот натпревар против Турција (13:00 часот). Тоа ќе биде трет натпревар на Европското првенство во претходните два бевме поразени од домаќинот Финска и Холандија.

Пред третиот натпревар се соочуваме со проблеми затоа што Васе Михаилов и Стојан Илиев се во изолација. Тие се ставени во Изолација затоа што седеле најблиску до двајца патници кои биле позитивни на ковид-19.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Во федерацијата биле информирани дека нивните тестови не биле позитивни, но биле сомнителни.

„Реагиравме во ЦЕВ. Информирани сме дека нивните ПЦР тестови се сомнителни и сега ги чекаме резултатите од фвторото. Во изолација се затоа што во авионот со кој пристигнавме во Тампере на 26. Август имало двајца позитивни. Во очекување сме за двајцата, а дополнително проблем е повредата на Маџунков“, изјави генералниот секретар на ОФМ, Зоран Кастратовиќ.

Фото: ОФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…