Дома Фудбал Репрезентации Проблеми за Македонија: Елмас и Трајковски неизвесни за Гибралтар!

Проблеми за Македонија: Елмас и Трајковски неизвесни за Гибралтар!

Денес македонската фудбалска репрезентација беше поразена од Грузија со 0:3, а селекторот Благоја Милевски по мечот откри дека за наредниот натпревар би можеле да имаме проблеми со ростерот.

Поради повреди денес биле заменети Елмас и Трајковски, па засега се неизвесни за мечот во недела. Сепак, повеќе ќе се знае после направените прегледи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Елиф почувствува болка во препонскиот дел и побара замена. Енис инсистираше да остане до крај, не сакаше да биде заменет иако и тој беше изнемоштен. Исто поради повреда беше заменет и Трајковски, Ристовски поради замор…Ова е лудо, пак ќе повторам играме во невобичаен термин кога не можете да барате фудбалерите да бидат спремни“, изјави Милевски.

Следниот натпревар на Македонија е во недела против Гибралтар.

Фото: ФФМ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Крај на трансферската сага со Антоан Гризман!

Францускиот фудбалер Антоан Гризман беше на работ да се приклучи на MLS лигата, но тоа нем…