Дома Фудбал Италија Проблем за Милан: Пиоли за натпреварот со Болоња остана без важен играч

Проблем за Милан: Пиоли за натпреварот со Болоња остана без важен играч

Репрезентацијата на Алжир доживеа рана елиминација на Африканскиот Куп на Нации, а тоа требаше да биде добра вест за Милан кој така можеше повторно да смета на одличниот Исмаил Бенасер.

Меѓутоа Бенасер во таборот на италијанскиот тим се вратил повреден. Италијанските медиуми пренесуваат дека на Бенасер му биле направени детални прегледи кои покажале дека се здобил со мускулна повреда.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Повредата за среќа на Милан не е сериозна, меѓутоа Алжирецот ќе мора да го пропушти натпреварот против Болоња кој е на програмата за викендот.

За овој натпревар тренерот Пиоли го нема на располагање и Самуел Чуквуезе кој се уште е дел од Африканскиот Куп на Нации, а на листата повредени се уште: Побега, Тиао, Томори и Калулу.

Натпреварот помеѓу Милан и Болоња е закажан за утре од 20:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Земјотрес“ во соблекувалната на Манчестер Јунајтед, Аморим целосно полуде и отпиша еден од ѕвездите

Андре Онана повторно е во центарот на вниманието по уште едно катастрофално издание во дре…