Дома Македонски спорт Проблем за Македонија: Трапановски повторно се повреди

Проблем за Македонија: Трапановски повторно се повреди

Македонскиот фудбалер Кристијан Трапановски кој неодамна се врати од повреда во вчерашниот натпревар за Данди одново се соочи со проблеми.

Трапановски беше предвреме заменет поради болки во левиот бутен мускул. Данди вчера му гостуваше на Хиберниан и во тој натпревар одигра 1:1, а Трапановски натпреварот го започна од клупата, но по десет минути мораше да биде заменет.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Ова може да биде проблем за селекторот Благоја Милевски пред последните два натпревари од Лигата на Нации со Фарски Острови и Летонија. Според најавите Трапановски го чека пауза од неколку недели, но засега не е потврдено.

Ќе потсетиме, Трапановски и во претходниот циклус во октомври не беше со репрезентацијата исто така поради повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Агрегаторите да ги почитуваат авторските права на интернет порталите, преземањето на содржините како до сега е неприфатливо

Интернет порталите изразуваат спремност за разговор и договор со агрегаторите, но потпишаа…