Градоначалникот на Милано, Бепе Сала ги предупреди Интер и Милан за плановите за изградба на нов заеднички стадион во близина на сегашниот.
Славните милански клубови го претставија планот за новиот стадион и целиот комплекс. За проектот би биле потребни околу 700 милиони евра и би бил финансиран од клубовите и градот. Но, нивниот план нема да биде возможен и ќе мора нешто да се менува.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Мораме сите заедно да се собереме и да најдеме одговор. Она што тие го замислија во овој момент е невозможно да се направи. Идејата за градот е интересна, но финансиски е невозможно да се изведе, морам да смислиме некој нов план“, изјави Сала.
Ќе потсетиме прво клубовите размислуваа за реновирање на сегашниот стадион, но се откажаа од таа идеја и се одлучија да изградат целосно нов стадион.