Одличниот хрватски репрезентативец Јошко Гвардиол минатото лето пристигна во Манчестер Сити од РБ Лајпциг како едно од тие големи засилувања.
Гвардиол им се приклучи на„Граѓаните“ со стаусот на еден од најдобрите светски дефанзивци, па беше „дебело платен“, а Сити за него издвои дури 90 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Гвардиола покажа дека сериозно смета на Хрватот во иднина, но последните информации за 22-годишниот фудбалер ги загрижија сите на „Етихад“.
Гвардиол одигра од првата минута на последниот натпревар на Сити против Кристал Палас во домашниот шампионат. Сепак, тој остана во соблекувалната на полувремето, додека Гвардиола даде повеќе информации за неговата состојба на крајот од натпреварот.
„Ќе видиме кои играчи ќе ги имаме на располагање против Реал Мадрид бидејќи и Јошко имаше мал проблем. Доби удар. Ќе видиме“, изјави шпанскиот стратег.