Дома Македонски спорт Пријави се за „Скопје на точак“

Пријави се за „Скопје на точак“

Пријави се за „Скопје на точак’

Илјадници велосипеди биле дел од Скопје во 1960-те години. Според некои податоци секој втор граѓанин имал точак. Овој факт покажува дека вело културата е значаен дел од нашето општество и затоа под покровителство на Град Скопје и во организација на Сојузот на спортови на Скопје во недела, 03. ноември 2019 со почеток во 11.00 часот ќе се одржи велосипедскиот караван „Скопје на точак.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Минатата година, на првото издание од овој настан, 1.300 лица се пријавија и излегоа на улиците со порака дека користењето на велосипед е добро за здравјето и за заштитата на околината.

Бесплатната регистрација и дополнителните информации може да се најдат на: www.skopjenatocak.mk. Овој велосипедски караван нема натпреварувачки карактер. Се вози со диктирана брзина од 20км/ч, предводен од Полицијата и организаторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…