Дома Фудбал Лига на шампиони Претседателот на Јувентус бара промени во Лигата на шампионите

Претседателот на Јувентус бара промени во Лигата на шампионите

agneli

Првиот човек на Јувентус, Андреа Ањели има предлог за промени во Лигата на шампионите и домашните првенства.

Имено, Ањели има предлог да се зголеми бројот на натпревари во Лигата на шампионите, а да се намали во домашните првенства. Првиот човек на Јувентус исто така порача дека е подобро во Лигата на шампионите да има четири групи од осум клубови отколку, осум групи од по четири клуба.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Сите сакаме повеќе меѓународни натпревари, а помалку домашни. Секако искомбинирани со генералното намалување на бројот на натпреварите, бидејќи не сакаме да надминеме одреден број“, изјави Ањели.

Италијанецот во интервјуто за „Гардијан“ истакна дека би требало да се задржи групната фаза со по 32 клуба, но со одредени промени поради кои клубовите би играле 14 натпревари место досегашните шест.

„Ако успееме да пронајдеме основа за која можеме да разговараме за ова со националните асоцијација, европските лиги, УЕФА и клубовите, мислам дека тоа ќе биде нормално еволуција која треба да ја имаме во фудбалот. Без разлика дали се работи за Манчестер Јунајтед, Реал, Јувентус или Легија, Спортинг или Андерлехт, сите сакаме повеќе меѓународни натпревари“, изјави Ањели кој е и прв човек на Асоцијацијата на европски клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…