Претседателот на Милан, Паоло Скарони откри дека клубот нема уште долго да ја чека одлуката за изградба на нов стадион на „Сан Сиро“ заедно со Интер.
Скарони откри дека Милан работи паралелно на уште два проекти и наскоро сигурно ќе има нов стадион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Работиме паралелно на три проекти за нов стадион. Еден од нив е во зоната Сан Џовани, а другиот ќе го чувам како тајна. Ако не ни дозволат на Сан Сиро, тогаш Милан е спремен да направи сам свој стадион. Це уверувам дека Милан наскоро ќе има нов стадион“, изјави Скарони.
„Ние годишно добиваме само 40 милиони од стадионот и како да се тркаме со другите клубови со толку мали приходи од стадион? Нашиот бренд постојано расте, ние сме еден од најпопуларните клубови во светот. Мора што поскоро да имаме нов стадион“, додаде претседателот.
🚨 Paolo Scaroni: “We are considering three projects [for the stadium] concurrently. One of them at San Sesto Giovanni and another one I won’t tell you about. If it’s not going to be San Siro then Milan will go ahead with new stadium project alone by ourselves.” pic.twitter.com/ePSiDKYC9s
— CHAMPIONS OF ITALY 🏆 (@MilanEye) January 25, 2023