Дома Фудбал Германија Претераа ли новинарите на „Би-Би-Си“? Санчо бил новиот Меси?

Претераа ли новинарите на „Би-Би-Си“? Санчо бил новиот Меси?

Британскиот „Би-Би-Си“ посвети текст на талентираниот фудбалер на Борусија Дортмунд Џејдон Санчо и го спореди дури со Лионел Меси и Кристиано Роналдо.

Санчо е голема надеж на англискиот фудбал, иако името го изгради во Бундеслигата откако како тинејџер дојде од Манчестер Сити. Во деталната анализа „Би-Би-Си“ изнесе свои аргументи за неговиот огромен потенцијал.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„ Од релативна анонимност во академијата на Манчестер Сити неговиот напредок во Дортмунд беше метеорски. Со 27 голови во Бундеслигата пред 20. роденден тој е најефикасниот тинејџер во историјата на ова натпреварување. На таа возраст Меси беше подобар само за еден гол – 21 (2007). Кристиано Роналдо како тинејџер постигна само 11 лигашки голови“.

„Ако ги соберете бројот на голови и асистенциите, ниту еден млад играч во Европа не може да се спореди со него. Ако се сметаат сите фудбалери од најдобрите пет првенства Санчо се наоѓа во друштво на Меси, Левандовски и Мбапе како еден од најкорисните играчи во Европа“.

„Она со што исто така може да се мери со Меси е реализацијата пред голот. Со оглед дека не е центарфор и дека не влегува често во шанса за гол, тој има и добар голетерски учинок. Неговиот процент на реализација е 30.2 и по тоа е на врвот на оваа листа“.

„Исто така не смее да се занемари и неговата моќ во пренесување на топката и успешното поминување на противничките дефанзивци“.

„Со оглед дека Меси и Роналдо веќе влегуваат во залезот од кариерата се поставува и прашањето за нивни наследник. Џејдон Санчо до сега покажа дека е способен да го повтори она што двајцата најдобри фудбалери во денешницата го постигнаа во своите кариери. Но и понатаму пред него има долг пат“, заклучи „Би-Би-Си“ во својата анализа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…