Неколку клубови од Премиер лигата се заинтересиран за големиот талент на Бенфика, Жедсон Фернандеш, пренесуваат медиумите на Островот.
20-годишниот фудбалер од средниот ред важи за еден од најголемите таленти во Европа, а Бенфика е спремна да го пушти откако играчот ја загуби довербата на тренерот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Главен кандидат за неговиот потпис е Манчестер Јунајтед. Се тврди дека претставници на Фернандеш веќе биле во Манчестер и се обиделе да договорат позајмицата во Јунајтед, со можност за откуп по цена од 34 милиони фунти.
Голема конкуренција „црвените ѓаволи“ ќе имаат во Вест Хем бидејќи Дејвид Мојс сака да го види Португалецот во своите редови, па веќе спремил понуда која повеќе и одговара на Бенфика.
Откупната клаузула на Жедсон изнесува 102 милиони фунти, меѓутоа во Бенфика се свесни дека нема да можат да добијат ни половина од таа сума.