12.11.2020 e убав датум во македонската фудбалска историја.
Пред точно една година македонската репрезентација славеше пласман на Европското првенство во 2020 година.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Во Тблиси Македонија ја победи Грузија со 1:0 со голот на Горан Пандев во финалето од плеј-офот во Лигата на Нации и така за првпат добивме прилика да играме на едно големо натпреварување. Денес Македонија повторно живее за фудбалот и е на чекор од бараж за Светско првенство.
Се надеваме дека Македонија в недела во Скопје ќе слави победа со Исланд и така ќе добиеме прилика да играме во баражот за Мундијалот во Катар.