Дома Фудбал Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Тухел повика 35 играчи, меѓу кои Магваер и Томори, но не и Александер-Арнолд

Селекторот на Англија Томас Тухел објави список од 35 фудбалери на кои ќе се потпира за претстојните два пријателски натпревари на Англија со Уругвај и Јапонија. Неколку играчи кои во последно време не беа во репрезентацијата се враќаат.

Едно од најголемите изненадувања во тој поглед е повикот за дефанзивецот на Милан, Фикајо Томори, кој последен пат беше дел од тимот на Англија во октомври 2023 година. Тој досега има само пет натпревари во националниот дрес.

Играчите на Манчестер Јунајтед Хари Магваер и Коби Мејну за прв пат се дел од тимот откако Томас Тухел стана селектор. Двајцата последен пат играа за “трите лава” во 2024-та.

Напаѓачот на Тотенхем Доминик Соланке исто се враќа, како и дуото од Њукасл, Луис Хол и Тино Ливраменто. Доминик Калверт-Луин исто така е во составот. Напаѓачот на Лидс е повикан за прв пат по повеќе од пет години.

Дебитантски повици добиваат играчот од средниот ред на Евертон, Џејмс Гарнер и голманот на Брајтон, Џејсон Стиил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Суперкупот на Шпанија се преместува во Истанбул

Суперкупот на Шпанија ќе има нов дом во 2027 година, откако беше официјално претставен во …