Италијанските медиуми пренесуваат дека Челзи и Милан започнале преговори за трансфер на Тиму Бакајоко.
Бакајоко минатата сезона играше на „Сан Сиро“ како позајмен фудбалер од Челзи и беше еден од најдобрите во таборот на „росонерите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа Милан не ја искористи опцијата да го откупи за 35 милиони евра и Французинот се врати во Челзи. Сепак, за него немаше место во тимот на Лампард и повторно беше испратен на позајмица, овој пат во Монако.
Челзи ќе сака да го продаде на лето, а цената на Бакајоко значително падна, па Милан сака да ја искористи ситуацијата и да го врати на „Сан Сиро“.
Преговорите веќе започнале, а првата понуда на Милан изнесува 16 милиони евра, додека Челзи за неговата слобода бара помеѓу 20 и 25 милиони евра.
Французинот веќе се договори со „росонерите“ и прифати четиригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра по сезона.