Дома Трансфер зона Готово: Бакајоко утре на прегледи во Милано

Готово: Бакајоко утре на прегледи во Милано

Милан и Челзи постигнаа договор за трансфер на Тиму Бакајоко, потврдија италијанските медиуми.

Бакајоко пред две години играше на „Сан Сиро“ на позајмица, но тогаш „росонерите“ не го откупија, а минатата сезона ја помина во Наполи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан е во потрага по играч со неговите карактеристики да биде алтернатива за Кеси, па веќе постигнал договор со Челзи.

„Росонерите“ ќе платат половина милион евра за едногодишна позајмица со право на откуп за 20 милиони евра следното лето.

Бакајоко утре ќе пристигне во Милано на лекарски прегледи и ќе го комплетира трансферот во Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Абердин ја одредил цената за Миовски

Македонскиот голгетер Бојан Миовски во летниот преоден рок дефинитивно ќе биде интересен з…